Денес, на местото каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за учениците во ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, беше истакнато дека овој проект е дел од 22-те инвестиции што ќе се реализираат во општина Кисела Вода. Средствата се обезбедени преку заедничка и одговорна соработка помеѓу централната и локалната власт, со јасна цел – да се создадат подобри услови за воспитување и развој на децата.
„Како пратеници, нашата работа не завршува во Собранието. Таа продолжува на терен, со реални чекори и видливи резултати. Секој вложен денар во младите е инвестиција во нашата иднина“, порача пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
🏗️ Денес сум тука, на местото каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за нашите ученици!
✅…
Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Friday 8 August 2025