Скопје

Отворање на објектот „Бамби“ на градинката „Фидани“ во општина Чаир

Во општина Чаир денеска ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“.

Отворање на објектот „Бамби“ на градинката „Фидани“ во општина Чаир

Во општина Чаир денеска ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“.

Како што соопшти општина Чаир, објектот „Бамби“ е со најголем капацитет за грижа и рано детско образование во цела држава.

– Преку овој настан го потврдуваме институционалниот ангажман за подобрување на условите за рано образование и унапредување на јавните инвестиции во раното детство, се наведува во соопштението.

На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

Најнови вести од Скопје

To top