Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Историски највисоки приходи во Буџетот за месец јули, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува економијата

Историски значителен пораст на приходите во Царинската управа и Управата за јавни приходи. Приходите од даноците и придонесите бележат раст од 7,4%, додека пак приходите од увозните давачки се за 19,2% зголемени, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во јули 2025 година, највисока месечна наплата на даноци до сега од над 14 милиони денари, што е за 6,9% раст или 922 милиони денари повеќе во Буџетот од минатата година. Во делот на социјалните придонеси, Управата за јавни приходи бележи раст од 13,4% или 1.400.000 денари повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Освен УЈП, историска наплата има и Царинската управа од над 12,6 милијарди денари, со што за прв пат се надмина бројката од 12 милијарди денари. Во однос на минатата година се бележи зголемување од 5,4% или 10,5 милиони евра повеќе пари за граѓаните. Раст има по секој основ и со ова се поставуваат нови, повисоки стандарди, со кои се покажува континуитет во работата и политиката на Владата за подобрување на економијата.

Овие пари кои се влеваат во Буџетот, се наменети за 250 евра за секој студент, 2 милијарди денари за факултетите, 800 милиони денари плус за плати, 2,5 милијарди денари повеќе за пензии, нови патишта, нови автобуси, нови градинки.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За разлика од порано кога се крадеше, сега тие пари се на граѓаните и во Буџетот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и нивна поддршка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top