Воената база Форт Стјуарт во американската држава Џорџија е блокирана поради инцидент и присуство на вооружено лице, а според американските медиуми има ранети лица.
Според извештаите, пет лица се префрлени во болница.
Потврда стигна и од воената база од каде соопштија дека повредените војници се пренесени во болница за натамошен третман, а нема закани по локалното цивилно население.
Властите соопштија дека е идентификуван осомничениот, но неговото име не е објавено.