Свет Иран

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер го погоди јужен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала изутринава ја погоди јужната иранска покраина Керман.

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер го погоди јужен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала изутринава ја погоди јужната иранска покраина Керман.

Според соопштението од Сеизмолошкиот центар при Универзитетот во Техеран, земјотресот со епицентар во градот Зехкелут во покраината Керман, е регистриран во 8:36 часот по локално време, пренесува иранска новинска агенција.

Земјотресот се случил на длабочина од 28 километри под површината, а засега не се објавени информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, наведува агенцијата.

To top