Хроника МВР

Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница

При вршењето на контролата од страна на У.М., 34-годишно лице од Виница, прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајцата полициски службеници. Потоа, У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница

Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од 23:50 часот синоќа до два утрово, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи и Центарот за јавно здравје – Кочани, извршиле контрола во Градскиот базен во Виница.

-Притоа, легитимирани се 19 лица, а извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот беа затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16-годишна возраст од Виница и едно на 14-годишна возраст од Кочани, како консумираат алкохолни пијалаци. Известен е јавен обвинител од ОЈО – Кочани и по негови насоки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на деца“ по член 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител – старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање, појаснија од МВР.

При вршењето на контролата од страна на У.М., 34-годишно лице од Виница, прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајцата полициски службеници. Потоа, У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

– Покрај ова и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата, констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект, истакнаа од МВР.

Најнови вести од Хроника

To top