Македонија Битола

Тошковски: Oд Трново, испраќаме порака на самодоверба, дека сме способни, дека сме обединети, дека можеме и дека сакаме за Македонија

Да ја претвориме жртвата на нашите предци во сила што нè носи напред, рече Тошковски.

Тошковски: Oд Трново, испраќаме порака на самодоверба, дека сме способни, дека сме обединети, дека можеме и дека сакаме  за Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово беше во Трново, на традиционалната Семакедонска средба, по повод Илинден – празникот што е симбол за стремежот на македонскиот народ да биде свој на своето.

-Денес не сме тука за да се потсетиме на минатото како на нешто изгубено, туку за да се инспирираме од него. Да ја претвориме жртвата на нашите предци во сила што нè носи напред. Денес, од Трново, испраќаме порака на самодоверба, дека сме способни, дека сме обединети, дека можеме и дека сакаме. Не за да бидеме против некого, туку за да бидеме за себе, за Македонија, истакана Тошковски.

Нека е за многу години Илинден!
Да ни е честит празникот!
Да е вечна Македонија!

Утрово бев во Трново, на традиционалната Семакедонска средба, по повод Илинден – празникот што е симбол за стремежот на…

Posted by Панче Тошковски on Saturday, August 2, 2025

Најнови вести од Македонија

To top