На 30.12.2023 во 01.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот Битола-Драгош пред с.Бистрица лишени се од слобода Н.И.(34), З.С.(27) и С.С.(25), тројцата од Битола.
При преглед на З.С. пронајдена и одземена е кеса со марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.