Хроника Шверц

Полски државјанин се обидел да прошверцува дрога при влез на ГП Табановце

Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при влез во РМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја.

Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка.

Пронајдената дрога со потврда за одземени предмети е одземена од лицето кое што е предадено на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка согласно член 215 од КЗ на РСМ.

Најнови вести од Хроника

To top