Македонија нова кујна во детска градинка

(ФОТО) Велковски: Ова се вистинските примери за одговорно и визионерско локално управување

Веднаш по завршувањето на овој проект, следува и адаптација на постојната кујна во нов простор за згрижување на уште 50 деца, со што градинката ќе опфати вкупно 650 деца, истакна Велковски.

(ФОТО) Велковски: Ова се вистинските примери за одговорно и визионерско локално управување

Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес присуствуваше на поставување на камен-темелникот за новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден кој претставува важен чекор напред за најмлади сограѓани.

Денес со големо задоволство присуствував на поставувањето на камен-темелникот за новата централна кујна во детската…

Posted by Ѓоко Велковски on Wednesday, July 30, 2025

Чест ми беше да бидам гостин и да ја изразам својата поддршка за визијата на градоначалникот Александар Георгиевски и тимот од Општина Илинден, кои со посветеност инвестираат во проекти за подобра грижа и услови за децата, истакана Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Новата кујна е со површина од 150 м2, ќе биде изградена по највисоки стандарди и ќе обезбедува над 700 оброци дневно – не само за децата во градинката, туку и за учениците во продолжен престој во училиштата.

Веднаш по завршувањето на овој проект, следува и адаптација на постојната кујна во нов простор за згрижување на уште 50 деца, со што градинката ќе опфати вкупно 650 деца. Ова се вистинските примери за одговорно и визионерско локално управување кое го става детето во центарот на вниманието, потенцира Велковски.

To top