Посадата на чешкиот Блек Хок утринава на оперативен брифинг одржан од страна на старешини од Армискиот Воздухопловен ВИНГ беше запозната со пожарот на планината Готен од беровската страна.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено само десетина километри воздушна линија од пожарот.

Чешкиот хеликоптер се очекува наскоро да полета и да се вклучи во гаснењето на пожарот.
Конвојот со 61 словенечки пожарникар со 18 возила, меѓу нив и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари, е во близина на Берово, информира ДЗС.
