Хроника СВР Скопје

Родители тепале туѓи деца: Различни пријави за хаос кај Бит Пазар

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Родители тепале туѓи деца: Различни пријави за хаос кај Бит Пазар

На 28.07.2025 во 14.28 часот во СВР Скопје, Ј.З.(39) од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, од кои едната ја познавала.

Откако ги разделила, според пријавеното, се вратила во објектот во кој работела, и за кратко време влегле машко и две женски лица, при што физички го нападнале нејзиниот 10-годишен син, а потоа и нејзината малолетна ќерка.

Подоцна, во 15:28 часот, З.Х.(43) од Скопје пријавил дека неговата 12-годишна ќерка, заедно со уште две малолетнички биле физички нападнати од Ј.З.(39) и нејзината малолетна ќерка.

Исто така, во 21:00 часот З.А.(46) пријавил дека неговите две малолетни деца на возраст од 15 и 11 години биле физички нападнати од малолетничка и нејзината мајка Ј.З..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top