Хроника МВР

74 годишен возач на автомобил излетал од пат и починал

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

74 годишен возач на автомобил излетал од пат и починал

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, потенцираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Најнови вести од Хроника

To top