Вчера во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.