Македонија за првпат вакви услови за оризарите и призводителите на пченица

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, се купува од МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, соопшти Мицкоски

Донесовме одлука на Владина седница, околку 9 илјади тони да биде купена пченица и околу 2400 ориз и оризова арпа од реколтата 2024 година, изјави Мицкоски.

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, се купува од МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, соопшти Мицкоски

На новинарско прашање во областа на земјоделието, поради зголемени насади на ориз и пченица дали Владата планира зголемување на резервите, премиеторт Христијан Мицкоски одговори позитивно.

-Донесовме одлука на Владина седница, околку 9 илјади тони да биде купена пченица и околу 2400 ориз и оризова арпа од реколтата 2024 година, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека секој индивидуален производител има право да конкурира со количина од 5 до 30 тони пченица, а кај оризот и оризовата арпа од 3-20 тона.

-Ова за првпат се прави, посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние кои одгледуваат пченица. Така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин стоковите резерви ќе имаат ориз, потенцира Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top