Преслатката реакција на едно двегодишно девојче, кое заспало на патот до „Дизниленд“ и се разбудило на најмагичното место на светот, стана вистински интернет хит. Девојчето немало поим каде се наоѓа, а нејзиното збунето лице ги освои гледачите.
@brittikitty She literally had no idea we were even going to Disneyland!! 😂😂 She slept the WHOLE time until this ride! @Disney Parks #disneyland70 ♬ original sound – brittikitty
Нејзината мајка Британи раскажува дека нејзиното семејство било покането на промотивен настан на брендот „Пулапс“ во Калифорнија, посветен на одвикнување од пелени. Бидејќи тоа им бил првпат во таа сојузна држава, одлучиле да ја искористат шансата за краток семеен одмор.
– По настанот ни останаа само неколку часа за да го посетиме „Дизниленд“, но Вајолет беше премногу уморна – раскажува мајката. Вајолет заспала уште на забавата и цврсто спиела целиот пат до паркот, па дури и додека влегувале внатре. Се разбудила за време на возењето во познатата атракција „It’s a Small World“.