Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.
Како што информира УХМР, в среда ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Температурата од среда ќе се намали. Преодно стабилизирање на времето ќе има в четврток.
Нов влажен бран се очекува в петок попладне и в сабота, кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.