Македонија Посети на повеќе села

Ѓорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

-За три месеци ќе го повториме тој резултат, а после тоа со силна поддршка од Владата на Македонија, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со локалната самоуправа, општина Демир Капија ќе оди напред. Заеднички, порача Ѓорчев.

Ѓорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

Поздрав од Демир Капија каде што имаме денес агенда на посети на повеќе села во општината Демир Капија и тука во самиот ОК. Добра атмосфера и позитивна атмосфера, истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се подготвуваме за локалните избори, ја подготвуваме и нашата програма за локалните избори, која што нема само да биде изборна програма, туку и програма на Наталија која што ќе биде иден градоначалник на општина Демир Капија.Тука во Демир Капија веќе неколку изборни циклуси победуваме и не само што победуваме, туку победуваме и убедливо. Така што, за три месеци ќе го повториме тој резултат, а после тоа со силна поддршка од Владата на Македонија, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со локалната самоуправа, општина Демир Капија ќе оди напред. Заеднички, порача Ѓорчев.

Најнови вести од Македонија

To top