Македонија анализи и разговори во тек

Мицкоски за колициските преговори: Исклучително конструктивни разговори кои се движат во позитивна насока

-Логично е во сите општини да се поддржуваме едни со други. Мислам дека тоа ќе биде позитивен процес кој ќе заврши во втората половина на август, истакна Мицкоски.

Мицкоски за колициските преговори: Исклучително конструктивни разговори кои се движат во позитивна насока

Исклучително конструктивни разговори кои се движат во позитивна насока. Ваква е оценката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за владината коалиција и настапот на локалните избори.

-Очекувам дека некаде по годишните одмори би имале и официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата помеѓу 5-ти и 15-ти август, тие денови, да биде на годишен одмор. Анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат. Втората половина на август месец и тоа да се официјализира. Во меѓувреме разговорите ги завршивме со нашата внатрешна коалиција, со потенцијалните политички партии и идни наши коалициони партнери. Сега ја правиме таа анализа, очекувам до првата половина на август да се затвори и таа тема, истакна Мицкоски.

Додаде дека по ваквите анализи ќе можат да излезат со поддршка за градоначалници, бидејќи како што рече, јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи

-Логично е во сите општини да се поддржуваме едни со други. Мислам дека тоа ќе биде позитивен процес кој ќе заврши во втората половина на август, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top