Новата година е на прагот, насекаде владее празнична атмосфера, елките и украсите блескаат во сите домови и сите со нетрпение ја чекаат најлудата ноќ.
Сигурно обожавате да китите елка и да украсувате, но дали знаете дека секој хороскопски знак има свој начин на украсување?
Овен
Овенот е љубител на модерни и едноставни декорации. Интензивно црвените класични фигури и црвените светилки на зелената елка се полн погодок.
Бик
Бикот е земјен знак кој обожава пофалби, па затоа ја одбира највисоката елка за да се истакне. Високото и природно дрвце со многу рачно изработени украси ќе ги развесели сите Бикови.
Близнаци
Близнаците не сакаат монотонија и досада. За традиционалните Близнаци идеално божиќно дрвце е шарената и богата елка. Шарените божиќни кутии наредени во форма на дрвце или нацртана елка на ѕидот се иновативни идеи за покреативните Близнаци што ги сакаат сите бои. Задолжителни се и дрвените украси со разни натписи.
Рак
Раковите ги обожаваат празниците, бидејќи тогаш поминуваат време во кругот на семејството. Нивниот идеален избор е класична елка украсена со стаклени декорации. Омилена боја им е сината. Неизоставна е и зелената, па затоа на елката сигурно ќе се најдат украси во тие бои. Ја негуваат и старата заборавена традиција, па затоа претпочитаат дрвце украсено со предмети направени од тесто, глина, па дури и хартија.
Лав
Како вистински огнен знак, Лавот е љубител на миризливите свеќи со кои може да направи празнична атмосфера. Нивната омилена златна боја ќе доминира на новогодишната елка. Врвот на елката ќе го краси златен ангел или ѕвезда, а со оглед на тоа што Лавовите се вистински гурмани, ќе ја украсат елката со лампиони што потсетуваат на храна. Колку поголемо дрвце толку подобро.
Девица
Педантната Девица посветува големо внимание на деталите. Својата елка ќе ја доведе до апсолутно совршенство и никој нема да може да ѝ остане рамнодушен. Стеблото мора да биде високо и елегантно, опкружено со традиционални стаклени светкави лампиони. Црвената, зелената и златната им се омилени бои, како и украсите со бела боја, бидејќи потсетуваат на чистота и невиност.
Вага
Самовилите, животните и митските ликови им се омилени додатоци за елката, додека некои Ваги претпочитаат јапонски декорации, како на пример украси од оригами.
Шкорпија
Шкорпиите ќе одберат високо дрво украсено само во неколку бои. Темноцрвени, црни и темносини декорации, како и украси во форма на срце се вистинскиот избор за нив. Традиционалните украси им се многу драги.
Стрелец
Овој забавен знак ќе ја украси својата елка со лампиони во форма на животни, но и со духовни и религиозни симболи. Украсите во стил на еднорози, но и традиционалните стаклени лампиони ќе ги задоволат сите нивни желби.
Јарец
Јарците ги обожаваат животните, а тоа се гледа и од украсите што ги одбираат за елката. Пес, мачка, мечка и другите животните ќе изгледаат одлично на нивната елка. Јарците се исто така семејно ориентирани, па затоа обожаваат да украсуваат со висечки бонбони во необични бои и шеќерни стапчиња.
Водолија
Ќе ги израдува креативна елка што ќе блеска посилно од диско- топка. Похрабрите ќе експериментираат со помалку традиционални бои.
Риби
Со оглед на тоа што обожаваат море и морски животни, тоа може да им послужи како инспирација за божиќната декорација, која ќе ја надополнат со тиркизна или виолетова боја.