Обидот за забрана на ВМРО, предводен од Апасиев и поддржан од СДС и ДУИ, е директно во служба на великобугарските асимилаторски интереси, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не случајно Апасиев во Собранието отворено изјави дека „ВМРО било пробугарско“. Никој досега не одработил поотворено за великобугарската пропаганда, за бришење на македонската борба, редефинирање на историјата и отворање пат за асимилација, завиткано во превез на наводна „правда“, потенцира во објавата.
Ова не е борба на леви против десни. За ова ќе има жесток одговор на македонскиот народ против домашните извршители на странски агенди.
Историјата ќе ги памети Левица како пудлици на туѓи дворови, додаде Петрушевски.