Македонија 41 ЦЕЛЗИУСОВ И ПОВЕЌЕ...

УЛТРА-ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Tемператури над 40 степени од понеделник

– Од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C – соопшти УХМР.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека од утре, сабота, почнува период на многу топло време кој ќе трае во текот на целата идна седмица.

Топлиот бран доаѓа под влијание на топла воздушна маса од југ.

– Од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C – соопшти УХМР.

Најнови вести од Македонија

To top