Полициски службеници од Полициското одделение Групчин вчера вечерта во тетовско село ги лишиле од слобода В.И.(24), Р.И.(44), Ш.И.(44) и М.И.(40).
Полицијата, информира СВР Тетово, постапила по претходна пријава дека лицата физички ја нападнале нивната 26-годишна сопруга, снаа и внука и нејзината сестра и нејзините родители, а не и дозволиле и да го земе нејзиното едногодишно дете.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.