Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актурлен градоначалник на oпштина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, оствари средни со граѓаните на општина Центар.
Со граѓаните на општина Центар разговаравме за предизвиците, но и за огромниот потенцијал кој го има ова урбано јадро на нашиот град. Внимателно ги слушнав барањата и гарантирано ќе влезат во новата победничка програма, објави Ѓорѓиевски.
-Центар е лицето на Скопје и токму затоа ќе се потрудиме тоа лице да биде достоинствено, современо и чисто.
-Хигиената мора да биде на прво место.
-Урбаното живеење – по мерка на човекот.
-Сообраќајниот метеж – конечно решен со паметни и ефикасни решенија.
Имаме визија и план не само за Центар, туку за цело Скопје. Затоа што нашата цел е еден град на кој сите ќе се гордееме – и жителите, но и оние што доаѓаат во него, истакна Ѓорѓиевски.