Хроника ДИЛЕР-ПОЛИЦАЕЦ

Уапсен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затворот „Идризово“

Уапсен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затворот „Идризово“

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

-Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја, информира МВР.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top