Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав: Драган Ковачки, шеф на Делегацијата и Беким Сали член, присуствуваше на 107. Рос-Рот Семинар, што се одржа во Брисел, Белгија од 14 до 15 јули 2025 година, во организација на ПС НАТО и Европскиот парламент.
Ова е прв Рос-Рот Семинар на ПС НАТО, чиј домаќин е Европскиот парламент, со единствена цел да се зајакне и промовира потребата од заеднички и координиран пристап во справувањето со предизвиците и ризиците со кои се соочува денешнината, а кои се закана за демократскиот свет.
Воведни обраќања на семинарот чиј главен фокус беше „ЕУ – НАТО соработка: Суштинско партнерство и отпорност на демократијата“, имаа Салваторе Ди Мео, кој е шеф на Делегацијата на Европскиот парламент во ПС НАТО; преку видео обраќање се обрати претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола; потоа Маркос Перестрело, претседател на ПС НАТО; како и амбасадорот Жак Пителуд, шеф на Мисијата на Швајцарија во НАТО.
