Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители на отворени води. Интерес кај концесионерите нема, потврди секретарот на општинската организација на Црвениот крст – Струга, Адуриме Даути.
На обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава се пријавиле и ја поминале само две лица, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, струшкиот Црвен крст на располагање има осуммина спасители на отворени води, обучени претходните години.
Потребата од спасители на вода, нагласи дека е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои допринеле да не дојде до несакани случаи.
И минатата година само една плажа на струшкото крајбрежје имаше ангажирано четворица спасители на вода, додека концесионерите на другите капалишта не пројавиле интерес.