Македонија Струмица

Милошоски: Инфраструктурните проекти низ државата помагаат во развој на економијата

Потенцираше дека со тим се во Струмица да остварат средби со повеќе граѓани, во повеќе населби, за да можат да добијат различни проекти и идеи во очи на локалните избори.

Милошоски: Инфраструктурните проекти низ државата помагаат во развој на економијата

Задоволни сме што се дава акцент на големи инфраструктурни проекти и гледаме дека тоа помага во растот на економијата, но исто така овие капитални проекти се трајна вредност за целата држава, истакна денес од Струмица, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-По однос на самиот крај во југоисточна Македонија мислам дека е битно да се напомене, имаше многу години со заостанати субвенции од 2021, 2022, 2023 година којшто благодарание на доброто домаќинско буџетско работење, Министерството за земјоделие веќе сега ги пласира и се во рацете на оној којшто ги има заслужено тие субвенции. Следната работа што сакав да ја споменам, а е најнова во Собранието, беше донесениот Закон за измени во законот за здравствена заштита и осигурување, каде што од три можности за ин витро оплодување сега државата веќе овозможува шест такви можности. Со што би сакале да придонесеме на оние луѓе коишто имаат одредени проблеми, во оваа проблематика на родителство да добијат повеќе шанси, повеќе надеж за остварување на својата цел, рече тој.

Потенцираше дека со тим се во Струмица да остварат средби со повеќе граѓани, во повеќе населби, за да можат да добијат различни проекти и идеи во очи на локалните избори.

-Гледаме дека има голема заинтересираност во рамките на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, но исто така нашето чувство е дека има и атмосфера во општината за промена на локалната власт и за доаѓање на чело на Струмица на поодговорни луѓе коишто ќе можат да работат во интерес на сите граѓани, посочи Милошоски.

To top