Македонија Фондот за здравствено осигурување

ФЗО: Подобро биомедицинско поддржано оплодување и олеснување на лекување во странство

6 наместо 3 обиди за БПО на товар на Фондот, исто така го скрати времето на одлучување од 3 месеци на 2 недели.

ФЗО: Подобро биомедицинско поддржано оплодување и олеснување на лекување во странство

Директорите Сашо Клековски и Бранко Аџигогов информираа за законските измени кои беа усвоени на 10.07.2025 година од Собранието на Република Македонија, а на предлог на група пратеници и подготвени со учество на Фондот за здравствено осигурување.

Главна новина: Подобро биомедицинско поддржано оплодување (БПО)
Измените се:
– Вклучување на БПО во основниот пакет на здравстени услуги;
– Зголемување на 6 наместо 3 обиди за БПО на товар на Фондот;
– Усогласување на ослободувањето од партиципација;

Дополнително Фондот го:
– Скрати времето на одлучување од 3 месеци на 2 недели;
– Дигитализираше процесот, во ова фаза кон барателите, вклучувајќи ваучерот за БПО;
– Поедностави дел од административниот процес;

Сè поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди. Правиме чекор за поддршка на еден од најосновните човечки стремежи – создавање семејство!

Нколку информации за БПО за 2024 г.
– 1.495 барања за БПО, од кои 1.280 за прво дете, 195 за второ дете, 15 за трето дете и 5 за четврто дете
– Максимален износ од околу 93.000 мкд за обид и за 1.106 реализирани БПО обиди се употребени 89.547.990 денари
– БПО постапки извршени во 8 здравствени установи.

Следни чекори на Фондот:
– Финансиска поддршка на криопрезервација, односно замрзнување на јајце-клетки за идна употреба
– Поддршка за Клиниката за гинекологија во создавањето на национална банка за репродуктивен материјал (јајце-клетки и сперма) за зголемување на пристапноста до репродуктивни третмани.

Инфо за барање на следниов линк.

Втора новина: Олеснување на лекување во странство

Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија за олеснување на лекувањето во странство:
– Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислења на првостепената комисија, со што се скратува процесот и обезбедува двостепеност;
– Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена;
– Се брише склучување на договори со странски болници поради неприменливост.

Во 2024 г. се одобрени 273 лекувања во странство за вкупно 488 милиони денари или околу
1.8 милиони денари по лекување. Во првото полугодие од 173 барања се одобрени 154 барања за 239 милиони денари.
Трета новина: Враќање на еден директор како раководен орган
Концептот на раководен орган на Фондот од два директори кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и на заменик на директорот кои постоеше до 2007 година.

Други новини
– Изедначување на правата за странци со регулиран престој
Започна процесот со кој странските државјани со уреден престој во државата ќе имаат еднакви права од задолжителното здравствено осигурување како и нашите државјани. Потребно е да се измени уште еден закон, за задолжително социјално осигурување.

– Жалбената постапка преминува во надлежност на Државната комисија, а не на Министерството за здравство
Предавање на жалбената постапка во втор степен за одлучување по жалби од првостепените решенија на Фондот од Минстерството за здравство на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и тоа без преоден рок.

Со измените се испраќа јасна порака:
– Ги прошируваме правата на осигурениците;
– Го модернизираме системот;
– Создаваме поправеден, пофункционален и попристапен здравствен систем.

To top