Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид.
-Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не сличајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи споредн направените истражувања најголемиот дел од посетителите, односто туристите кои ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство, изјави премиерот Мицкоски.
Овој објект, оваа населба заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го посетуваат Охрид, додаде Мицкоски.
Интегрално говорот на премиерот: „Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.
Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.
Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода, наколна населба во заливот на Коските во Охрид“.