Фудбал

ВИДЕО: Возач на камион сведок на сообраќајката во која загина Жота – „Знам што видов, сакам семејството да знае…“

И додека прелиминарните полициски извештаи сугерираат дека Ламборџини Хураканот со кој патувале браќата можеби се движел со пребрзо, еден возач на камион кој бил сведок на инцидентот го изнесе спротивното тврдење во емотивно видео.

ВИДЕО: Возач на камион сведок на сообраќајката во која загина Жота – „Знам што видов, сакам семејството да знае…“

Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота (28) и неговиот помлад брат Андре Силва (26) сè уште е во центарот на вниманието на светската јавност!

И додека прелиминарните полициски извештаи сугерираат дека Ламборџини Хураканот со кој патувале браќата можеби се движел со пребрзо, еден возач на камион кој бил сведок на инцидентот го изнесе спротивното тврдење во емотивно видео.

– Не возеле брзо. Имам чиста совест. Знам што видов таа ноќ – рече Хозе Азеведо, кој секојдневно вози на тој дел од автопатот А-52 во близина на Чернадиља, недалеку од границата меѓу Португалија и Шпанија:

– Го снимив моментот на несреќата, застанав, се обидов да помогнам… но за жал, не можев ништо да направам. Сакам семејството да знае дека возеле нормално. Ја видов марката и бојата на автомобилот, сè беше совршено чисто. Тој пат е ужасен, темен и многу опасен, открива Азеведо.

Според првите наоди на форензичките експерти, сомневањата се дека пукнала гума на луксузен автомобил кој може да развие до 320 км/ч, додека се обидувале да заобиколат друго возило. Потоа автомобилот излетал од патот, се превртел и се запалил, а пламенот ја зафатил околната вегетација.

Трагичниот инцидент се случил околу 00:35 часот, а браќата биле на пат кон Сантандер, од каде планирале да фатат траект за Велика Британија. Според достапните информации, Диого Јота се опоравувал од операција на белите дробови, поради што му било забрането да патува со авион.

Интересно е и тоа што само неколку часа претходно, на истиот пат се случила тешка несреќа во која тешко била повредена 60-годишна жена, кога и нејзиниот автомобил излетал од патот.

Полицијата продолжува со истрагата и анализата на трагите од гумите на патот, а ќе бидат спроведени дополнителни вештачења за да се утврди со сигурност причината за несреќата што ја шокираше спортската јавност.

To top