Скопје Општина Илинден

Градоначалникот Георгиевски на поставување камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло

Градоначалникот Георгиевски изјави дека оваа инвестиција е важен чекор не само за Чагатај Кабло, туку и за целата општина Илинден, како и дека поддршката на локалните и странски инвеститори е клучна за економскиот развој и зголемувањето на работните места.

Градоначалникот Георгиевски на поставување камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло

Растат индустриските капацитети на територија на општина Илинден. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дитекторот на ТИЗР, Гоце Димовски присуствуваше на поставувањето камен темелник за нова фабрика на Чагатај Кабло, водечки производител на кабли и електрична опрема, во Технолошко-индустриската зона Скопје 1, во општина Илинден. Новата инвестиција која е во вредност од 6 милиони евра ќе создаде 200 нови работни места и ќе има големо влијание врз економскиот раст како во општината, така и во регионот.

Градоначалникот Георгиевски изјави дека оваа инвестиција е важен чекор не само за Чагатај Кабло, туку и за целата општина Илинден, како и дека поддршката на локалните и странски инвеститори е клучна за економскиот развој и зголемувањето на работните места.

– Нова фабрика како оваа, значи нови можности за нашите жители и нови перспективи за регионот. Ние како Општина Илинден ќе продолжиме да ја поддржуваме индустријата и да создававме поволни услови за вакви важни проекти, истакна градоначаникот Георгиевски.

Овој проект на Чагатај Кабло е значаен не само за развојот на македонската индустрија, туку и за економскиот раст на општина Илинден. Поддршката на Владата за странски и домашни инвестиции создава поволни услови за нови работни места. Со изградбата на новата фабрика, Чагатај Кабло ја потврдува својата посветеност на развојот на индустријата, а Општина Илинден ќе продолжи да ја поттикнува економската активност и да создава нови можности за сите граѓани. Проектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на следната година, ќе претставува значајна придобивка за локалната заедница и за целата држава.

Најнови вести од Скопје

To top