Бојко Борисов се издаде во последното писание посветено на бугарската „победа“ во ЕП и несакајќи призна дека бришењето на МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК од Извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија е голем резултат во ОДБРАНА НА БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ.
Бојко, познато како Љубави за Стево Пендаровски, срочи:
„Тоа е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа!“
Во превод, во наплив на Фројдов комплекс Бојко призна дека одбрана на бугарскиот национален идентитет е БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ, од Извештајот и од каде било. Тоа успејаа да го направат Бугарите во ЕП, тоа е резултат на заедничкото дејствување на „сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно“, што поради СДСМ, не е случај и во Македонија.
Што појасно треба да се каже, за да ЕУ и СДСМ сфатат што е намерата на Бугарија и дека никогаш нема да престанат да не’ блокираат се до целосно удоволување на национал-шовинистичките апетити, доколку Брисел тоа некако не им го оневозможи?