Скопје Општина Гази Баба

ЈКП „Гази Баба 2007“ во континуирана борба со дивите депонии

Апелираме до граѓаните за совесно однесување, потенцираат од претпријатието.

ЈКП „Гази Баба 2007“ во континуирана борба со дивите депонии

Во рамки на редовните активности, екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведуваат континуирано чистење на диви депонии и јавни површини на територијата на Општина Гази Баба.

Овие денови беа опфатени повеќе критични локации:
-Инџиково
– Кино Маџари
– Шмеќи
– Ченто
– Хиподром
– Ќерамидница

Со навремено отстранување на отпадот, придонесуваме за поздраво и поуредено урбано живеење.

– Апелираме до граѓаните за совесно однесување, потенцираат од претпријатието.

Исфрлањето отпад на несоодветни места ја загрозува животната средина и здравјето на сите. Да се грижиме за нашата општина заедно – таа е наш дом, додваат во објавата.

Најнови вести од Скопје

To top