Свет Велика Британија-Франција

Стармер и Макрон ќе разговараат за мигрантските премини и евентуална мировна мисија за Украина

Велика Британија бара поостри мерки од француските власти на плажите долж брегот на Ла Манш. Стармер се надева на договор од типот „еден влегува, еден излегува“, со кој мигрантите што пристигнуваат со мали чамци би биле вратени на континентот, во замена за тоа Лондон да прифаќа баратели на азил во Европа кои имаат врска со Велика Британија.

Стармер и Макрон ќе разговараат за мигрантските премини и евентуална мировна мисија за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе одржат разговори во Даунинг стрит, при што Велика Британија инсистира на поголема соработка од Франција за запирање на мигрантските премини преку Ла Манш, пренесува ДПА.

Макрон вчера пристигна во Лондон, во прва државна посета на лидер од ЕУ по Брегзит.

Велика Британија бара поостри мерки од француските власти на плажите долж брегот на Ла Манш. Стармер се надева на договор од типот „еден влегува, еден излегува“, со кој мигрантите што пристигнуваат со мали чамци би биле вратени на континентот, во замена за тоа Лондон да прифаќа баратели на азил во Европа кои имаат врска со Велика Британија.

Покрај разговорите во Даунинг стрит, Стармер и Макрон ќе присуствуваат на прием со британски и француски бизниси и на настан во Британскиот музеј.

Сопругите на двајцата лидери, Брижит Макрон и Викторија Стармер, ќе имаат чај и обиколка на Даунинг стрит, по што сите четворица ќе ручаат заедно.

Макрон и неговата сопруга ќе бидат пречекани од кралот Чарлс Трети во Виндзор, каде што ќе положат цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора и ќе го видат коњот Фабуле де Мокур, подарок од Макрон за нејзиниот Платинест јубилеј во 2022 година.

Во говор пред пратениците во вторникот, Макрон вети мерки за намалување на мигрантските премини преку Ла Манш, опишувајќи го проблемот како „товар“ за двете земји. Тој нагласи дека Франција и Велика Британија имаат „заедничка одговорност да се справат со нерегуларната миграција со хуманост, солидарност и правичност“.

Одлуките на француско-британскиот самит ќе одговорат на „нашите цели за соработка и опипливи резултати“, додаде Макрон.

Минатата недела, бројот на лица што го преминаа Ла Манш со мали чамци оваа година надмина 20.000, достигнувајќи над 21.000, што е рекорд за овој период од годината. Стармер и Макрон, исто така, ќе бидат домаќини на состанок на „коалицијата на подготвените“, предложената мировна мисија за Украина во случај на прекин на огнот со Русија.

To top