Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа нова непријатност кога пристигна во Велика Британија во тридневна државна посета. Медиумите пишуваат дека неговата сопруга, Брижит Макрон, наводно го игнорирала додека излегувале од авионот, само неколку недели откако снимките од нивната физичка пресметка станаа вирални.
Двојката слетала со приватен авион во Кралската воздухопловна база Нортхолт, каде што ги пречекале принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнувале по скалите, Макрон ја испружил раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го одбил и наместо тоа се потпрела на оградата.
Потоа Макрон несмасно ја спуштил раката и се свртел кон кралската двојка, каде што ја бакнал раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.
Откако влегле во автомобилот што ги однел до Виндзор, двојката не изгледала опуштено – Макрон прегледуваал документи, додека Брижит го извадила телефонот од чантата и го погледнала екранот.