Свет Затвореници

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

Софистицирани дронови можат да доставуваат огромно количество дрога и оружје во затворите, што претставува закана по националната безбедност, се наведува во годишниот извештај на надзорното тело на британските затвори

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

Софистицирани дронови можат да доставуваат огромно количество дрога и оружје во затворите, што претставува закана по националната безбедност, се наведува во годишниот извештај на надзорното тело на британските затвори.

Главниот инспектор на британските затвори, Чарли Тејлор предупреди дека полицијата и затворските служби го препуштиле воздушниот простор над затворите на криминалните банди.

– Технологијата на дроновите напредува многу брзо. Нивото на ризик што го носат овие дронови е различно од сè што сме виделе досега, посочи Тејлор, додавајќи оти постои и теоретски ризик дека осуденик може да избега од затвор со помош на беспилотно летало.

Тој ја повика затворската служба итно да преземе контрола над ситуацијата.

Би сакале Владата и безбедносните служби да ги здружат силите, да користат технологија и разузнавање за да спречат реализација на овој ризик, наведе Тејлор.

To top