Во Гевгелија денеска и утре ќе се одржи дводневна Меѓународна конференција за регионален развој на тема: „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“.
Воведни обраќања, како што најавуваат организаторите, ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Вероник Улман.