Денес започнува амандманската расправа за ребаланс на буџетот. Политика со која се зголемува финансиската дисциплина, раст на приходите во државната каса и дополнителни финансиски средства за клучни сектори, изјави Игор Здравковски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Во меѓувреме, опозицијата поради безидејност или едноставно, хронично не знаење, поднесува амандмани на ребалансот, за проекти кои веќе се предвидени.
Со ребалансот обезбедуваме 800 милиони повеќе за плати, 2,5 милијарди повеќе за пензии, 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции.
Се вложува и во младите. Во образованието ќе се слеат 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта.
Дури 111% повеќе средства има за проектот „купи куќа за млади“.
Во фокусот е и јавниот транспорт и инфраструктура, каде се предвидуваат дополнителни 307 милиони за локални патишта и дополнителни средства за железничка инфраструктура.
Има одвоено и значителни средства, односно 237 милиони денари за изградба и реконструкција на здравствени установи, како и нивна модернизација и дигитализација“, потенцира Игор Сдравковски.
„Опозицијата наместо да ги поддржи овие реформски чекори, тие преку амандмани се обидуваат покажат вештачка грижа за некој поен плус, па меѓу другото, предлагаат измени за локалните предизвици во Кочани, кои се таложеле во нивното седумгодишно Владеење. Период кога не мрднале ниту со мал прст за да сменат нешто на подобро.
Она што не знаат, односно она за што прават слепи, е фактот што Владата, со поддршка од Собранието, подолго време веќе работи на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои оние од делот на социјалната политика, како зголемен број вработени во градинките и нови домови за стари лица“, додаде Здравсковски.