Украинската војска утрово изврши напад со дронови врз Московската област, а според украинските медиуми, главна цел на нападот била хемиска фабрика која работи за потребите на руската војска.
Се известува дека дроновите го нападнале градот Краснозаводск во Московската област, каде што се наоѓа фабриката за хемиска индустрија, а локалното население на социјалните мрежи објави видеа од летање на дронови и експлозии.
Нападот го потврди и раководителот на Центарот за спречување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андреј Коваленко, според украинските медиуми.
Руското Министерство за одбрана објави дека соборило осум дронови над Московската област.