Македонија

Мисајловски: Постојано разговараме со граѓаните, она што им е најпотребно ќе го има во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта на изборите ќе го доживее најголемиот пораз.

Мисајловски: Постојано разговараме со граѓаните, она што им е најпотребно ќе го има во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Преку 78 проценти од граѓаните живеат во мизерни услови и се против оваа власт. Ако ги прашате на било која анкета дали имаат подобар живот, ќе кажат дека државата оди во погрешна насока, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостувањето на МРТ.

-Како ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш сме биле бренд за проекти, она што ќе го ветиме, да го исполниме. Ние постојано сме на терен со граѓаните, не само сега за избори. Постојано разговараме со граѓаните, она што е најпотребно да го има во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која ја подготвуваме. Како што спомнавме, зголемување на пензиите, сите општини ќе добијат дополнителни средства за многу проекти, училишта, градинки, улици, истакна Мисајловски.

Посочи дека од буџетот се потрошени милијарди, а власта нема изградено ниту еден километар автопати, нема нови болници, театри, спортски сали, музеј.

-СДСМ ветуваат, но ништо не прават. Сега, по 7 години, ветуваат ветинг. Треба од првиот ден да се фати со работа. По седум години сите видовме дека се неспособни и дека време им е да си заминат, нагласи Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека власта на изборите ќе го доживее најголемиот пораз.

Најнови вести од Македонија

To top