СДСМ на денешната седница на Централниот одбор донесе повеќе одлуки, а партијата ги утврди кандидатите за министри, заменици министри и дополнителни заменици министри во техничката влада.
Централниот одбор го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година.
Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Централниот одбор на партијата ја утврди Славица Грковска. Фатмир Битиќи е избран на кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, а Бојан Маричиќ за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања.
За функциите технички министри СДСМ ги избра:
–Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура
–Каја Шукова, министерка за животна средна и просторно планирање
–Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
–Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
–Славјанка Петровска, министерка за одбрана.
Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменик министри:
–Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда.
–Маја Манолева, заменик министерка за здравство,
–Александар Бајдески, заменик министер за информатичко општество и администрација.
–Филип Николовски, заменик министер за финансии.
–Мики Крстев, заменик министер за локална самоуправа.
Актуелниот шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев е кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи.
За дополнителен заменик министер за труд и социјална политика партијата ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.
-Техничката Влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат оваа законска обврска, да учествуваат во изборниот процес, без калкулации, соопштија од СДСМ.
Централниот одбор на партијата за шеф на изборниот штаб го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.