Среќен Ден на Независноста!
Денес САД слави 249 години слобода, демократија и непоколеблива посветеност кон создавање на посовршен сојуз.
Од основачките идеали на слобода и самоуправа, па сè до денешните глобални партнерства, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на сојузништвото со пријатели и партнери кои ги споделуваат овие вредности.
Додека го одбележуваме овој ден, славиме и 30 години пријателство со Северна Македонија — изградено врз доверба, соработка и заеднички напредок, напишаа на Фејсбук од Американската амбасада во земјава.
Наздравје за слободата. Наздравје за партнерството. Наздравје за иднината, се вели во краткото соопштение на Американската амбасада.