Нна социјалните мрежи неодамна се појави видео од прослава, кое кај корисниците предизвика лавина од коментари.
Во видеото баба која игра на народни песни, а со неа – ни помалку ни повеќе – доаѓаат суперхероите Бетмен и Спајдермен!
Според коментарите за време на прослава на 16 роденден во Србија биле ангажирани аниматори во костуми на херои од Marvel и DC Comics, кои дополнително ја загреале атмосферата.
Сите играле заедно на песната „Вечера“, а како шлаг на тортата, им се придружила и бабата.
Во еден момент, Бетмен дури е клекнат на колена пред бабата и ја поддржува во играњето.
View this post on Instagram