Скопје ѓорче петров

Стојаноски: Над 1000 станови во населбата Александрија добиваат парно греење

НАД 1000 СТАНОВИ ОД НАСЕЛБАТА АЛЕКСАНДРИЈА ДОБИВААТ ПАРНО ГРЕЕЊЕ, напиша на Фејсбук пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојаноски: Над 1000 станови во населбата Александрија добиваат парно греење

НАД 1000 СТАНОВИ ОД НАСЕЛБАТА АЛЕКСАНДРИЈА ДОБИВААТ ПАРНО ГРЕЕЊЕ, напиша на Фејсбук пратеникот Бојан Стојаноски.

Почнуваат градежните активности. Во оваа населба се отпочнува со изведба на проект вреден 40 милиони денари. Станува збор за ископ на топловодна мрежа со секундар до секоја зграда која што во моментов не е приклучена на мрежата за парно греење. Со овој зафат над 1000 станови ќе добијат приклучок до топловодна мрежа и ќе имаат парно греење од следната грејна сезона. Граѓаните на општина Ѓорче Петров заслужуваат целосно модерни и достојни услови за живеење. Благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и Директорот на ЕСМ Дистрибуција, Петар Милетиќ кои завршија огромна работа за овој проект да стане реалност, истакна Стојаноски.

Повеќе од шест месеци се работеше на проектот за да стане реалност. Продолжуваме со работа, порача Стојаноски.

To top