Хроника наредена обдукција

Загина возач на мопед (72), се судрил со комби на Јавна здравствена установа Виница

Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Загина возач на мопед (72), се судрил со комби на Јавна здравствена установа Виница

На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско, информира МВР.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Најнови вести од Хроника

To top