Скопје општина Гази Баба

Стефковски: 568 пензионери ќе добијат по 2500 денари финансиска помош

Со денешната исплата вкупната бројка изнесува 1.078 пензионери кои добиле поддршка од општината, објави Стефковски.

Стефковски: 568 пензионери ќе добијат по 2500 денари финансиска помош

Денес 568 пензионери од Општина Гази Баба ќе добијат по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки. Станува збор за пензионери со ниски пензии кои се пријавија на јавниот повик на општината, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

– Пред само неколку дена беа исплатени средства на 510 пензионери, а со денешната исплата вкупната бројка изнесува 1.078 пензионери кои добиле поддршка од општината. Комисијата продолжува со работа, и во следните денови ќе следува нова исплата за наредната група пензионери. Помошта ќе продолжи се до исплаќањето на сите 2.700 пријавени пензионери.

Општина Гази Баба се грижи за сите категории на граѓани. Никој не е заборавен, додаде Стефковски.

Ова не е првпат да се даде поддршка на пензионерите со ниски примања — во време на енергетската криза обезбедивме финансиска помош за трошоци за електрична енергија.
Продолжуваме посветено и одговорно да работиме за сите наши сограѓани, додаде тој.

To top