Дванаесет лица се убиени во напад на забава во Мексико, пренесува весникот „Кронен цајтунг“.
Гостите танцувале на жива музика кога вооружените лица отвориле оган. Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, вклучувајќи и едно дете. Нападот се случил во градот Ирапуато, кој се наоѓа во централниот дел на Мексико, објави полицијата.
Мотивите за нападот сè уште не се познати.
„Истрагата е во тек“, изјави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Забавата се одржувала на отворено и се емитувала во живо на Фејсбук кога напаѓачите пристигнале и отвориле оган, објави весникот „АМ“.