Свет Турција

Ердоган: Одлуката за зголемување на издвојувањата за одбрана е неопходна поради новите кризи

Според Ердоган, невозможно е да се зголеми ефикасноста на НАТО само со зголемување на трошоците за одбрана. 

Ердоган: Одлуката за зголемување на издвојувањата за одбрана е неопходна поради новите кризи

Одлуката на НАТО дека нејзините членки во иднина ќе издвојуваат пет проценти од својот БДП за одбрана е неопходна поради ситуацијата во која секојдневно се појавуваат нови кризи, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Нашите трошоци за одбрана веќе го надминуваат нивото од 2 проценти, што беше целта на претходните самити. Благодарение на ресурсите што ги издвојуваме за иновации и нашите меѓународни напори, ние сме една од земјите најблиску до постигнување на пет проценти“, рече Ердоган, според агенцијата Анадолија.

Според Ердоган, невозможно е да се зголеми ефикасноста на НАТО само со зголемување на трошоците за одбрана.  (МИА)

To top