Дојде една нова политичка гарнитура која знае што е национален и државен интерес, која знае да се бори на тој план и која знае да постигнува резултати, цени аналитичарот Сотир Коство во емисијата „За или против“ на ТВ алфа со Љупчо Цветановски. Како несомнен доказ за кажаното ја посочува победата во Европскиот парламент, која дојде само еден ден по отчетот на премиерот Христијан Мицкоски
-На отчетот видовме различно однесување, дејствување и постапување, а претходно и мислење и зборување на еден премиер, тоа е почитуваниот професор Христијан Мицкоски, на една коалиција, на една влада и ан сите оние институции кои што стојат зад таа влада. Ја видовме разлката со она што ни се случуваше минатите 7-8 години. Она што ни се случуваше со менувањето на нашето вековно име Македонија, име од искон, менување на уставот по кој знае кој пат, го дадовме името на Грците и се откажавме од Античка Македонија, но и од нашите Македонци од Егејот, од Беломорска Македонија, обид од грамзивите наши источни соседи да ни влезат во историјата, да ни ја земат културата и јазикот, и тоа беше зад нас, цени Костов.
-Дојде една нова полтичка гарнитура која знае што е национален и државен интерес, која знае да се бори на тој план и која знае да постигнува резултати, и еве доказ – денеска ја видовме, според мене, првата голема победа на меѓународен план, кога во срцето на Европа, во ЕУ парламентот, во Комитетот за надоврешна политика каде се узвои Извештајот за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите без она срамното што сакаше да го наметне бугарската страна појачана со грчката, да ни го стават тој амандманот со „модерен“, некаов современ македонски јазик. И види сега, еве ги фактите, а спин-докторите веднаш се јавија, се јави и СДС ко што ти ги велиш и ја кажуваат невистината, укажа аналитичарот Костов , потенцирајќи дека СДС и ВМРО – ДПМНЕ се политчки антоними, црно и бело на македонската политичка сцена.